Во акција за сузбивање на криумчарење на артефакти уапсени се вкупно 8 лица, а акцијата на МВР секторот за организиран криминал и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се уште трае.
Полицијата врши претреси на повеќе локации во тетовско и во во битолско, потврдија за Телма извори од истрагата. Најдени се и повеќе предмети наменети за криумчарење. Повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата.











