Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадорот Гир во ТОП ТЕМА: Беа тешки недели во односите на Скопје и Софија, чествувањето на Гоце Делчев како шанса

/

пред 1340 дена

Сподели преку :

Тешки неколку недели, вака евроамбасадорот Дејвид Гир одговори на прашањето за состојбата и односите меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на одбележувањето на раѓаљето на Гоце Делчев.

-Јас се надевам и секако очекувам дека ова ќе биде можност за двете земји да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, можност за дијалог и зголемено меѓусебно разбирање и почит. Ова беа тешки неколку недели, но дури и во тој период, значајно е дека имаше постојани контакти меѓу Северна Македонија и Бугарија, затоа што добрососедските односи се во интерес на сите. Видовме контакти на ниво на премиери, министри за надворешни работи, внатрешни работи, да ги споменам како пример. Тоа е духот кој треба да се запази во ова одбележување, рече евро амбасадорот во своето гостување во ТОП ТЕМА на Телма.

Борба против корупција во политички редови, уставни измени, медиумски слободи -Топ Тема интервју со евроамбасадорот Дејвид Гир (01.02.2023.)