Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амир Дестанов, дете од улица со успех на математички натпревар го сретна Претседателот Пендаровски и го запозна со суровото детство, но и желбата за напредок

/

пред 1599 дена

Сподели преку :

Малиот Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“  освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“ стаса до заслужена средба со Претседателот кој го покани во кабинетот на Водно.

-Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови. На средбата, претседателот го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес, како би ги постигнал своите цели за подобра иднина, објавија од кабинетот на шефот на државата.

Амир и пред камерата на Телма раскажа како успеал од дете кое питало на улица преку дневниот центар за деца на улица да стигне до натпревар по математика и да го освои третото место. Посака и за првпат да замине на летен одмор, а желбата му е да летува во Охрид.

ВИДЕО: Амир- дете од улица, учи и на свеќа, но освои трето место на натпревар по математика и посакува летен одмор во Охрид

На средбата со претседтаелот присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.

Најголем предизвик како што и претходно открија од центарот е тоа што во јули им завршуваат средствата за финансирање и од државниот и од градскиот буџет. Сепак по објавените стории за Амир и за можниот лош епилог за Дневниот центар, од Министерството за труд и социјална политика најавија помош и средства да продолжи со работа оваа институција во која учат 50-тина деца од улица и се подготвуваат за образовниот процес во редовните училишта.

Амир живее во повеќедетното семејство на неговата тетка во Шутка, а повеќе од две години е штитеник на Центарот. „Бронзениот“ математичар Амир на Пендаровски и му го врачи подарокот од сите деца од Дневниот центар, цртеж со пеперутка.