“Има индиции дека поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност, како и и организирана група вработени, незаконски, неетички и непрофесионално постапувале“, тврди сегашното раководство на АНБ. Внатрешната контрола во АНБ била спроведена за периодот од 2019 до 2024 та по што Агенцијата пред еден месец доставила до Јавното Обвинителство три информации за овие случаи.
Според истиот извор, оваа група составена освен од поранешниот директор и од високи поединци во АНБ “користеле кадовски расположливи потенцијали и со незаконско прислушкување следеле активности на новинари, лидер на опозицијата, но и еден министер од тогашната актуелна власт, како и обвинител.”
Според АНБ, оваа група го злоупотребувала и притворот како мерка за лична пресметка, а истата група, според наодите на внатрешната контрола, правела и злоупотреби за согласноста за издавање на безбедносни проверки за сертификати, не издавајќи документ за проверка на пратеник кој тогаш бил во опозиција .
Во периодот од 2019-2024 директори на АНБ беа Виктор Димовски и Заре Милошевски, а актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски .
Според АНБ, досега нема индиции за можни инциденти за локалните избори, а отворена а оперативна акција наречена “Избори 2025 “ што е редовна постапка пред секои избори.
Македонија е цел на хибридни активности на политики од регионот при што, според АНБ, доминира од некои земји кои имаат балансирана дипломатија, но влијаат преку градење на културни организации.
Во однос на руско-украинската војна, Агенцијата смета дека таа не предизвикува силни турбуленции, но има руско влијание од неколку држави, а регистрирани се и 4-ца македонски граѓани кои заминале да се борат на руска страна.











