Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангел Петрол со демант за истрагата во Неготино и негира било каква поврзаност со компанијата под истрага

/

пред 387 дена

Сподели преку :

Од компанијата „Ангел Петрол“ од Неготино реагираат со демант на објавената вест на Телевизија Телма, со наслов „Претрес во фирма во Неготино поврзана со Љупчо Пецов- Ѓаволот поради сомнителни финансиски трансакции“.

-Најостро реагираме на целосно неточните и непроверените информации во кои индиректно се создава впечаток дека фирмите во кои споменатото лице има дел од сопственичката структура се поврзани со наведениот случај, велат од компанијата.

-Јасно и одговорно изјавуваме дека нашата компанија нема никаква деловна, правна ниту каква било друга поврзаност со правното лице со настаните споменати во прилогот на Телма. Објавата е целосно невистинита и предизвикува сериозна штета на нашиот углед, деловно работење и довербата во нашите клиенти и партнери, реагираат од „Ангел Петрол“.

Прилогот се однесува на претреси кои се извршиле не во „Ангел Петрол“ туку во друга фирма во Неготино која е во сопственост на странски државјани. Во претресите учествувале инспектори од Пазарниот Инспекторат и Бирото за метрологија како и припадници на финансиската полиција, а активностите се поврзани со индиции за сомнителни финансиски трансакции и несоодветен начин за пуштање во промет на масла и деривати.

Во продолжение, фотографија од демантот и линк до содржината објавена на веб сајтот на Телма (www.telma.com.mk).

КОРЕКЦИЈА: Претрес во фирма во Неготино во објект поврзан со Љупчо Пецов Ѓаволот, поради сомнителни финансиски трансакции