Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Гаснењето на пожарот во Трубарево беше школски пример како треба да се гаси таков комплексен пожар

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Гаснењето на пожарот во Трубарево беше школски пример како треба да се гаси таков комплексен пожар, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„На лице место беше ангажиран целиот државен систем. Покрај пожарникарите, јас бев на лице место како координатор на главниот штаб за управување со кризи, иако и не морав да бидам на лице место. Сепак е непроценливо кога сте таму и кога гледате со свои очи. Беа нагажирани воздухоплови, имаше полиција. Набрзо дојде и дополнителна полиција, се воспостави контрола околу самиот објект, дојдоа припадници на Армијата, возила на Итната медицинска помош, дојдоа екипи на Црвениот крст. Значи, едноставно целиот систем, она што го имаме како држава на располагање беше ставено во функција на еден, би рекол, организиран начин“, рече Ангелов.