Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсовски: Кај уставните измени со одложено дејство постои формален проблем, Мицкоски тешко дека ќе ги прифати условите какви што се, ЕУ тешко дека ќе ги смени

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Кај уставните измени со одложено дејство постои формален проблем, истакна Петар Арсовски, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во врска со уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот, што моментно е пречка за деблокада на македонските евроинтегративни процеси.

„Тоа се прави преку уставен закон во кој велите новата преамбула ќе биде ваква и ваква, а промените стапуваат на дејство, тогаш кога ќе се исполни условот икс, без оглед кој е тоа услов. Дали затворање на поглавјата, членство, ратификација во бугарскиот парламент, итн. Додека не се исполни тој услов, уставниот закон не стапува на сила, значи уставот сè уште се чита по старо. Тоа ја спречува Европската комисија формално да констатира дека еден од условите, промената на Уставот, во преговарачката рамка е исполнет. Така што тука има формален проблем, настрана политичкиот“, рече Арсовски.

Според него, изгледа дека Мицкоски нема да ги прифати условите вакви какви што се.

„Европската Унија тешко дека ќе ги смени условите, особено што тоа на крајот мора да биде и со согласност на Бугарија кај која, настрана комплицираната домашна политичка ситуација, не гледам политички мотив да прифатат некое политички решение кое, условно, е поевтино од ова што веќе го имаат во џеб. Мислам дека таа работа ќе оди тешко. Мислам дека сегашната власт ќе се соочи со разочарување кога ќе види дека Европската Унија, сепак, ќе ги заштити интересите на своите членки пред интересите на земјите кандидати. Тоа може да доведе до дополнително европско разочарување, дополнителен евроскептицизам и дополнително движење кон националнистичка реторика и домашна политичка декаденција од сегашната власт“, смета Арсовски.