Авиокомпанијата „Визер“ најави дека ќе ја затвори својата база во Виена, Австрија. Ваквиот процес ќе се одвива постепено, во периодот меѓу октомври 2025 и март 2026 година. По оваа одлука е неизвесна и иднината на авионската линија Охрид-Виена, за која во моментот може да се купат билети со последен лет закажан на 14-ти март 2026.
Повлекувањето ќе започне на 26 октомври 2025, кога „Визер“ ќе ги повлече двата авиони и ќе ги укине линиите до Билбао и лондонскиот аеродром Гетвик. Целосното затворање на базата е предвидено за 15 март 2026, кога е предвидено прекинување на сите останати линии од Виена, меѓу кои е и врската со Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
„Визер“ својата база ја отвори во Виена во 2018 годинас, а првиот лет на релација Охрид-Виена беше реализиран на 17 ноември истата година. Летово „Визер“ леташе за Охрид и до четирипати неделно, со А321-нео, од најновата генерација авиони на „ербас“ стационирани во Виена. Во зимскиот ред на летање заклучно со 14-ти март се предвидени два лета неделно од Виена за Охрид.
Претходно министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави пет нови авиолинии од Скопје и Охрид кои ќе бидат оперирани од страна на авиокомпанијата „Визер“, а дополнително беше најавено и зголемување на капацитетот за 50 отсто и вработување на дополни 100 луѓе.











