Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болниците во проблем: Сметките за струја се непредвидливи, буџетите се исти

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

Болниците три години се соочуваат со финансиски проблеми од ковид-кризата, а сега и од енергетската криза. Дополнителен проблем се и непредвидените дефекти на апаратите за дијагностика на пациентите. Директорите на болниците велат сметките за струја се непредвидливи, а буџетот им е ист.

Штипската Клиничка болница изминатите три месеци за струја наплатила 10 милиони денари.

Болницата за струја на годишно ниво има издвоено околу 50 милиони денари, за разлика од лани кога потрошиле струја помалку од 10 милиони. И болниците спасот го гледаат во регулираниот пазар.

Болниците ги скрoија новите буџети, а наскоро почнуваат и преговори со Фондот за здравство. Ако лани штипската болница имала буџет од околу 512 милиони денари, годинава за постабилно раководување на овој регионален центар очекуваат дополнителни 40 до 50 милиони денари.

Викторија Јованова