Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чепреганов повика на прекинување на разговорите на мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Обединување и прекин на разговорите на мешовитата комисија, побараа историчарите на научната конференција по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

За историчарот Тодор Чепреганов овие разговори се беспредметни, особено затоа што не постои ниту еден документ дека Делчев се борел за бугарските интереси.

Прашува и, како ќе го чествуваме заедно,  кога за Бугарите тој се борел за Санстефанска Бугарија, а за нас за формирање на самостојна македонска држава? Каде е заедничкото?

Чиј е револуционерот, вели, најдобро се гледа од колективната меморија, а Делчев го нема во меморијата на Бугарите.

Историчарот предупредува и дека е забележлива промена во наративот во Бугарија, каде сега се тврди дека Делчев се борел за македонските Бугари, иако до сега велеа дека се борел за Бугарија, со што ја вртат водата на својата воденица.

Дури и во Бугарската академија под покровителство на Радев, Делчев е именуван за апостол на слободата на македонските Бугари.

Претседателот на МАНУ, пак, повика на обединување.

Сепак, забележливо беше отсуството на членовите на Мешовитата комисија, но и на државниот врв.

Премиерот Ковачевски, кој е надвор од државата, не испрати заменик, туку краток поздрав со кој им посака успешна работа на историчарите.

Имаше претставници од пониските ешалони на власта, а директорот на Пошти промовираше марка со ликот на Гоце Делчев.

Претседателката на Одборот за чествување, која претпладнево беше на средба со претседателот на Собранието, најави објавување на Зборник. Документацијата за Делчев, вели таа, е на македонска страна.

Конференцијата продолжува и утре, како и низа други активности со кои се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

Далиборка Демјанска Цветановска