Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Да се конфискуваат „Плацевите на Водно“ и становите на Груевски, пресуди Кривичен

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

Судот му го конфискуваше целиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, избеган во Унгарија. Освен затворската казна која ја доби за судењето „Плацеви на Водно„ судот одлучи да ги заплени плацевите кои ги купил Сергеј Самсоненко и фирмата „Лајв кеар“ иако знаеле дека се стекнати со пари од сторено кривично дело на Груевски.

Освен ова ќе се конфискуваат и становите кои исто така не беа на име на Груевски но за кои од судењето јавноста дозна дека всушност се негови а се веднаш до становите на мајката на екс премиерот.

Се одземаат и трите луксузни апартмани во Панорама резиденс. Замрзнат беше и имотот кој само фиктивно го поседува кумот на Груевски, бизнисменот Ристо Новачевски а кој се наоѓа во Крушево.

Се работи за два плацеви за викендици кои сега исто така ќе се конфискуваат.