Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данела Арсовска: Не е точно дека нема нафта, на директорот Кушевски му е продолжен В.Д. мандатот во ЈСП

/

пред 654 дена

Сподели преку :

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во изјава за ТВ Телма ги негираше тврдењата за проблемите во ЈСП кои ги изнесе синдикалецот Миќо Стојановски.

-Состојбата е редовна како и деновиве. Нафта има за автобусите на ЈСП согласно договорот кој е склучен за интервентна набавка на еуродизел поради што јавниот превоз функционира редовно и согласно плановите. На директорот Драги Кушевски му е продолжен В.Д. мандатот откако му истече првиот 6-месечен мандат и потпишав решение за ново назначување. Не знам зошто се шират неточни наводи, но можеби некој сака да сокрие нов скандал или непријатни информации, ни рече скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Синдикалецот Миќо Стојановски претпладнево тврдеше дека ЈСП нема нафта ниту пак има нов директор откако 6-месечниот В.Д. мандат на Драги Кушевски завршил.

ЈСП склучи договор со „Пуцко петрол“ за интервентна јавна набавка на еуродизел на 5-ти декевмри. Тендерот во вредност од околу 2 милиони евра е со важност од три месеци.

Автобусите на ЈСП без нафта, претпријатието без директор?