Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денес е Бадник- ќе имате посета од коледарчиња, време за вечерна бадникова трпеза

/

пред 648 дена

Сподели преку :

Со коледарската песна од рано утрово почнува секој Бадник. Песната одекнуваше пред домовите, а децата го најавија еден од најголемите христијански празници, Божиќ.

-Денеска е коледе, утре е Божиќ, од утрово се слуша пред вратите на христијанските верници.

Децата коледари се првите весници на празникот. Домаќините ги даруваат коледарите со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка.

Според македонските обичаи, славењето на божикните празници започнува на 5 јануари. Вечерта спроти Бадник, се пали коледарскиот оган и притоа се пеат песни. Утрото децата коледари пеат пред домовите.

На Бадник семејството се собира и се подготвува за прослава на еден од најрадосните христијански празници, Божиќ- Христовото раѓање. Негова одлика се љубовта и едноставноста. Бадник е ноќта на мирот, радоста, љубовта и сплотеноста.

За Бадник на вратата од домот и на трпезата се става и бадниково гранче. Се верува дека тоа носи среќа.