Кривична пријава поднесе СВР Битола против А.П. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Првопријавената, како директорка на Специјализираната болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.
Директорката, користејќи го задолжениот токен, во текот на наведениот период ги одобрила и потпишала налозите за исплата од жиро сметката на установата, за сума во вкупен износ од 145.904 денари, со што му нанела штета на Министерството за здравство.
Второпријавената како правник и советник за човечки ресурси ги изготвила конкретните три договори на дело, без согласност од лицето, ги искористила неговите лични податоци и број на трансакциска сметка од банка, со што преку исплата на финансиски средства, по основа на фиктивно извршени услуги, на установата и нанела штета во износ од 145.904 денари, соопштија од СВР Битола.











