Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на кичевска болница „украл“ дониран апарат за корона вреден околу 35 илјади евра, тврди полицијата

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Кичевската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Според соопштението на МВР, тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари.

Вредноста на апаратпт е околу 35 илјади евра. Беше дониран во време на Ковид пандемијата. Во посочениот период, на позицијата директор на болницата во Кичево беше Станко Трпески.