Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК: Со носењето на измените во Кривичниот законик сериозно се загрозува правната сигурност

/

пред 1139 дена

Сподели преку :

Државната комисија за спречување корупција е изненадена од брзото носење на измените во кривичниот законик, кои вчера Собранието по скратена постапка, без широка расправа ги изгласа со 48 гласа, против беа 36 пратеници, и еден воздржан.

Од ДКСК укажуваат дека Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава.

Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Северна Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој  не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува  правната сигурност во државата.

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394  не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува   ризикот од политички пазарења и трговија со влијание, велат од Комисијата за спречување на корупцијата. 

Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна.

Со европско знаменце и 48 гласа ЗА измените на кривичниот закон со кои се кратат затворските казни и периодот на застарување на криминал сторен од функционери изгласани во Собрание