Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДОКУМЕНТ: Целосниот извештај на ЕК за напредок на С. Македонија за 2023-та година

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Работата на Собранието беше нарушена со политичка поларизација, која дополнително се продлабочи, одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони, е една од забелешките во последниот извештај на Европската Комисија.

Во однос на преговорите за пристапување во ЕУ-процесот, во Извештајот на ЕК се бара широк консензус на големите политички партии. Сите партии треба да почнат да се вклучуваат во конструктивна и инклузивна политичка дебата, за да се зајакне улогата на Собранието, забележува ЕК.

Во извештајот, Комисијата го оценува како контроверзно разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, посочувајќи дека ова тело треба да се спротивстави на секое надворешно влијание и да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите. Остри оценки има за измените на Кривичниот законик кои според Извештајот го отежнуваат гонењето на високо профилирани функционери.

Целосниот текст на извештајот на англиски јазик може да го прочитате на следниот линк, на фотографијата или на pdf документот.

North Macedonia 2023 KOMPRESIRANO