Според последно обравените податоци на ЦУК до 21 часот синоќа на територијата на земјава се регистрирани вкупно 21 пожар на отворен простор… Од нив, два пожари сè уште се активни – едниот кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, а вториот помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во Општина Македонски Брод… Еден пожар е ставен под контрола кај село Николиќ во Општина Дојран, каде што гореше нискостеблеста шума… Преостанатите 18 пожари се целосно изгаснати, меѓу кои во општините Чучер Сандево, Гази Баба, Сарај, Кисела Вода, Битола, Кичево, Струга, Штип, Куманово и на други места… Станува збор за пожари предизвикани од горење отпад, ниска вегетација и депонии… Властите апелираат на внимателност и ги повикуваат граѓаните да не палат оган на отворено…











