Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца тинејџери фатени со пиштоли, куршуми и ножеви на различни краеви на Скопје

/

пред 782 дена

Сподели преку :

За помалку од еден час, полицијата синоќа уапсила две момчиња кои биле вооружени со пиштол, куршуми и нож. Вооружените тинејџери имале по 19 и 18 години, постариот е од селото Моране, а бил фатен во Драчево.

Помладиот едвај полнолетен е уапсен во Сарај, а е жител на село Крушопек.

Двајцата носеле со себе пиштоли од типит зораки. Станува збор за гасни пиштоли кои се произведени во Турција, но често се преправаат од неубиствено во оружје за вистинска муниција. Пиштолите Зораки се евтини и може да се набават и за по 100 евра во Турција, а слична сума пари се дава и за преправка од гасен во вистински пиштол.

Кај едното момче се најдени 61 куршум, кај второто рамка со три куршуми. Во полицискиот билтен нема податоци дали муницијата е за обични или за гасни пиштоли. Нема информација дали двајцата вооружени тинејџери биле поврзани или станува збор за изолирани случаи.

Извадок од билтенот на МВР:

На 08.09.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(19) од с.Морани, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.09.2024 во 22.30 часот во с. Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(18) од с.Крушопек, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка со три куршуми и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје: Легитимирани 87 лица и тројца лишени поради недозволено поседување оружје