Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокатот Наумовски ја повекол иницијативата до Врховниот суд за правно мислење кое беше протолкувано како обид за оживување на аболицијата на Иванов

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Адвокатот Миле Наумовски ја повекол иницијативата до Врховниот суд за начелено правно мислење кое беше протолкувано како обид за оживување на аболицијата на Иванов.

Ова за Телма го потврдија и од Врховниот суд но и  Наумовски кој кусо ни објасни дека се одлучил на ваков чекор поради измените на КЗ.

Иницијативата до Врхвен се однесувала во голем дел  токму на членот 353 за злоупотреба на службената положба кој беше опфатен со измените на КЗ и казните беа драстично намалени.

Иницијатива ја поднесл на 23 јуни  во период кога излезе и  пресудата за предметот Транспортер каде врховните судии за прв пат се произнесоа и за помилувањата и не ги прифатија аргументите на одбраната за вракање на аболицијата.

А токму тоа беше и препрака на Судот во Стразбур кој на Груевски, Мијалков и Јануловска им одговори дека треба да ги исцрпат сите правни лекови мегу кои и Врховниот суд пред да дојдат кај нив.