Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две села во општините Битола и Василево зафатени од пожар

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие тимови на Општина Битола во пределот кај селото Лажани, каде горела ниска вегетација и во Општина Василео, кај селото Доброшинци каде горело стрниште, биле изгаснати два пожари од страна на пожарникарските тимови. Информираат утрото од Центарот за управување со кризи.

Според последниот извештај за работата на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК имало вкупно 1.558.

Кон Полицијата во делот за итни повици биле упатени 55 отсто, кон Итната медицинска помош 37 проценти, а  додека кон пожарникарите (ППЗ) 3 отсто.

  • Преостанатиот дел повици, се однесува на итни случаи коишто има потреба да се решаваат со комбинирани сили на теренот и ги решава ЦУК координирајќи според природата на пријавениот случај, ангажман на институции од Системот за управување со кризи (СУК) во државата, се наведува во соопштението од ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека во одредени случаи координираат итни ситуации и со институции од соседни и други земји бидејќи, како што велат, итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници.