Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден македонски државјанин евакуиран од Израел, амбасадорот останува во Тел Авив

/

пред 921 дена

Сподели преку :

Од МНР претпладнево соопштија дека еден државјанин на Македонија се пријавил за помош при евакуација и заминување од Израел кој во саботата беше под интензивни воздушни напади од проектили и дронови истрелани од Иран.

-Досега, во амбасадата во Тел Авив, се пријавил еден државјанин на Македонија кој изразил желба да се евакуира. На него му е даден патен лист за да ја напушти државата. Исто така во СОС центарот, тука во Скопје се јави една компанија која не извести дека има 4 вработени кои што се во Израел, чисто да ги имаме во предвид  доколку состојбата се влоши. И да имаме контакти со нив во случај ако се појави потреба да ги извлекуваме, изјави министерот за надворешни работи.

МНР ги повика сите кои патуваат или се веќе во Израел да се регистрираат за да се имаат потребни информации доколку состојбата која сега е стабилизирана, повторно се влошува.

-Збоував со амбасадорот во Тел Авив за барем неговите деца да ги врати во државата, но, утрово се слушнавме и училиштата во Израел повторно се отворени. Состојбата е стабилизирана. Сепак, (амбасадорот со семејството) решиле да останат, но ние се координираме постојано со кризниот штаб за да одлучиме како да постапуваме, изјави Османи.