Фатон Сељами од Тетово е утврден како предлог за нов народен правобранител на комисијата за избори и именување во Собранието. Сељами беше предложен од страна на пратеникот на Вреди Беким Ќоку. Тој е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит. На огласот се пријавија 17 кандидати.












