Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека СДСМ е подготвено да оди на какви било избори од денеска натаму.
Според Филипче, тоа што премиерот повикува на предвремени парламентарни избори заедно со локалните идната година, е доказ дека на Владата не и оди.
-Тоа што има таква најава на само три месеци од формирањето на владата е доказ дека на владата навистина не и оди. Во секој следен чекор на избори ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно, рече Филипче откако во четвртокот на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски за изборно соочување идната година.
Филипче укажа и на резултати од теренска анкета што ја имале направено, а во која резултатите покажале дека 65 отсто од граѓаните не се задоволни од работата на владата. Лидерот на СДСМ толкуваше дека тоа значи како двајца од тројца граѓани не се задоволни од економските политики, од падот на животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на нашиот европски пат.











