Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Голем пожар во центар на Скопје во фабриката Треска

/

пред 1634 дена

Сподели преку :

Попладнево во центар на Скопје избувна пожар.

Според првичните информации густ чад се шири од непосредната близина на фабриката Треска.

На лице место интервенираат противпожарни тимови на скопската бригада.

Пожарот се забележува од сите страни на Скопје, граѓани испраќаат фотографии и објавуваат видеа од различни локации на главниот град.

Се слуша пукање на суви материјали кои горат. Околу локацијата, е зачадено во висина на улиците и тротоарите по кои се движат возила и пешаци.

Полициско возило успеа да се пробие до местото на пожарот за обезбедување на локацијата. На улицата Рузвелтова не беше сопрен сообраќајот иако пожарот е на десетина метри од оваа сообраќајница. Има голема гужва на улицата но и на околните булевари.