Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Груби се облече како Коридор 8

/

пред 1295 дена

Сподели преку :

На фотографијата е првиот вицепремиер Артан Груби кој е на чело на Комитетот за изградба на коридорите 8 и 10 Д по специјалниот закон за Бехтел и Енка.

Носи маица на која има вертикални линии за патни ознаки за „дозволено пристигнување“ и „лента за застанување“ и бројката 8.

Не станува збор за 8-ми роденден или за број на годините колку што е во ДУИ туку вака Груби се појави на удирање на камен темелникот на коридорите во близина на патарината кон Тетово.

Облечен е како Коридор 8, но останатите бројки од овој огромен договор ги нема. Не се гледа 10Д за вториот коридор, ниту пак на неговиот оутфит се гледа некаде 1.300.000.000 евра колку вреди договорот со Бехтел и Енка.

Ја нема ни бројката 22 милиони евра колку во спорна и контроверзна тендерска постапка е доделено на градежниот надзор во кои има фирма на бегалец од законот, фирма со поранешна забрана за учество во вакви проекти и фирма која пред овој автопат се занимавала со производство на долна облека и кроење гаќи и маици.

Поставување камен темелник за коридорите 8 и 10Д- За свеченоста ќе се погрижи повторно „Арбериа Дизајн“