Фото: Влатко Александров
Полицијата ја блокира улицата Самуилова која поминува меѓу Калето и старата скопска Чаршија каде вечерва е извршено двојно убиство.
Полицијата не дозволува приод до местото на злосторството.
Според неофицијалните информации загинатите се поврзани со скопското подземје.
На лице место во Чаршијата во моментот е во тек увид и прибирање на доказите.











