Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Силјановска го доби официјалното уверение дека е 6-ти претседател на својот роденден

/

пред 875 дена

Сподели преку :

Гордана Силјановска Давкова денеска го подигна Уверението со кое Државната Изборна комисија констатира дека таа е избрана за нов претседател на Република Северна Македонија. Силјановска е 6-ти по ред претседател на државата избран на избори. Силјановска е прва жена претседател.

Силјановска го подигна уверението на нејзиниот роденден. Таа денеска полни 71 година, а веќе утре го почнува својот 5-годишен претседателски мандат со инагурација во Собранието и ќе го замени досегашниот претседател Стево Пендаровски во претседателската вила на Водно.

Државната изборна комисија официјално соопшти дека издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.

На седницата која ја одржа Државната изборна комисија, беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за Избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржано на 8 мај 2024 година.

Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.

На гласањето по листите за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, во законски утврдениот рок, по истекот на рокот определен за приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите и објавените првични резултати, Државната изборна комисија ги објави и следните конечни резултати:

Стево Пендаровски, освоени 251.899 гласови

Гордана Сиљановска Давкова, освоени 561.000 гласови

За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Сиљановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата и нов претседател на Република Северна Македонија.