Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео)Вработени во пералната на Клинички центар, која е во катастрофална состојба, една година немаат земено плата- дел од нив си дале откази

/

пред 302 дена

Сподели преку :

Вработени во пералната на Клинички центар се жалат дека речиси една година немаат земено плата, ниту пак имаат здравствено осигурување.

Велат дека три месеци одат на работа но не работат бидејќи вешот се носи на перење и стерилизација во болницата Осми Септември и во Сарај.

Притисокот и немањето прилив на средства дел од нив ги натерало и да си дадат отказ.

Бараат да им се регулира нивниот статус и доколку фирмата Скопстер во која и се вработени, а е ангажирана за пералната, не може да се им исплати средства нивниот ангажман да го вратат во Службите за општи и заедни работи при клиничкиот центар.

Со вработените Жаклина Блажевска, Осман Џафери и Дејан Димовски разговараше Симона Петровска.

Б.С.