Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши е во стабилна состојба- се огласи и Собранието за здравствениот билтен на спикерот

/

пред 457 дена

Сподели преку :

Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи, соопшти Собранието откако претседателот на законодавниот дом доцна синоќа бил хоспитализиран на скопската клиника за дигестивна хирургија поради силни болки во стомакот и му бил дијагностициран преплет на црева.

-Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, наведуваат од Парламентот.

Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции, велат од Собранието.

Претседателот на Собранието Африм Гаши примен во болница поради преплет на црева