Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го претепале до смрт, обвинителството побара притвор за две лица

/

пред 398 дена

Сподели преку :

Истражна постапка е покрената против две лица за кои постои основано сомнение дека на 10 септември во паркот „Жена борец“ во Скопје му нанеле тешки телесни повреди на едно лице по што тоа два дена потоа починал во болница.

Двете лица на возраст од 44 и 46 години, се сомничат за кривично дело  „тешка телесна повреда“.

– Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите тој два дена подоцна починал во болница, информира денеска Јавното обивнителство на Република Северна Македонија.

За двете лица е побарана мерка притвор.