Говорот на омраза е најзастапен на социјалните мрежи, а институциите за само половина година собрале повеќе претставки од граѓани, во споредба со годината пред тоа.
Особено загрижува тоа што омразата е сè поприсутна во комуникацијата помеѓу младите и тоа тешко се искоренува од интернет-просторот.
Ова се заклучоците на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи.
Тие потпишаа меморандум за национална борба против дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет-просторот.
Еве ги изјавите на Кире Василев – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Бојан Кордалов – Институт за добро управување и евроатлантски перспективи











