Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Инцидент во Собранието, нападнат заменик претседателот Мисовски, пратеници од Левица го искршија мониторот, ги уништија микрофоните и фрлаа купишта амандмани

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Инцидент во Собранието, седницата беше приказната откако двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Крмов го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, а потоа се втурнаа кон него мавајќи го со хартиите од амандманите кои што Левица ги поднела за измени на деловникот.

Крмов потоа почнува да го крши компјутерскиот монитор и бара прекин на седницата. Ги фрла сите предмети од масата на претседателот на Парламентот на земјата. Крмов го уништува и спикерскиот телефон. Генералниот секретар на владата Цветанка Иванова која беше на смена покрај Мисовски, ја трга чашата со вода за Крмов да не ја искрши и повреди некој со стакло.

Потоа на Крмов му се придружува Апасиев кој со купишта хартија фрла кон Мисовски и го удира во рамето. Крмов ги влече и ги уништува и микрофоните на говорницата, па потоа и ги гази на подот. Од вратата од која вообичаено влегува собранискиот спикер, се појавува Талат Џафери кој се движи кон претседателското столче, а Крмов и Апасиев престануваат да фрлаат.

Инцидентот следеше откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа. Седницата ја прекина спикерот Талат Џафери.