Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истрага за мазутот на ТЕЦ: И Капушевски и Сулкоски излегоа од притворот во Шутка, Јахоски одбиен за целосно враќање на пасошот, обвинителството ги следи промените во фирмите на осомничените за зделките од над 160 милиони евра  

/

пред 432 дена

Сподели преку :

Во петокот попладне од затворот Шутка бил пуштен Ратко Капушевски со што сите осомничени во истрагата за злоупотребите со зделките од над 160 милиони евра за мазутот за ТЕЦ Неготино сега се надвор од притворските келии во македонските затвори.

Капушевски сепак ќе остане во домашен притвор, а Апелациониот суд во Скопје како дополнителна мерка за обезбедување од бегство му го одзел и пасошот. Капушевски имал потреба од оперативен зафат, а обвинителството сметало дека може да се даде во бегство – но судот одлучил поинаку.

Претходно на 25-ти јули, Основниот кривичен суд го пуштил од притвор и Ерџан Сулкоски- а како мерка прифатил пари уплатени преку трезорска сметка и имот во недвижности како гаранција дека ниту тој нема да бега.

Шест дена по заминувањето од притворот во Шутка, Сулкоски се избришал како управител на својата фирма Пацифик Петролеум од која преку тендер гориво купува и МВР. На негово место како управител во Пацифик е запишан Асмедин Јахоски, член на познатаото семејство Јахоски и роднина на осомничениот сопственик на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски.

Од обвинителството ни одговорија дека ги следат промените, а за истрагата се чека вештачење од Србија за мазутот.

-Точно е дека има промени во структурите на компаниите за кои покажувате интерес за што обвинителството е информирано од страна на Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд и врз основа на овие информациии обвинителството ги следи промените и презема дејствија согласно закон, велат од обвинителството. 

-Предметниот обвинител активно постапува во предметот и ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот. Во најскоро време се очекува пристигнување на извештајот од вештачењето на мазутот кое вештачење преку меѓународна правна помош се спроведуваше во Р.Србија преку тамошното обвинителство за организиран криминал. Ова вештачење е неопходно за понатамошниот тeк на постапката, односно дали ОЈО ГОКК ќе бара дополнителен рок за спроведување на истражната постапка или не, објаснуваат од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Од обвинителството ни одговорија и дека судски е одбиено барањето на Асмир Јахоски да му се врати целосно пасошот за да може да го користи и патува.

Јахоски е осомничен за перењ пари, со истрагата е опфатен и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство.

Сулкоски и Капушевски се сопственици на компанијата РКМ која ги добиваше јавните огласи за набавка на мазут во вредност од над 160 милиони евра за што беше отворена истрага на почетокот на март.

Дел од злоупотребите беа истражувани во емисиите КОД на Телма, а при истражувањата беше откриено дека истрагата е отворена кога во Скопје истовремено биле сите осомничени затоа што Капушевски често престојувал во Дубаи, а Јахоски во Турција.

Миомир Серафиновиќ