Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истражен „сервис“ на тендерите за сервис на полициски автомобили

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Во зградата каде се наоѓа одделот за возила во МВР утрово се отпочнати претреси во канцеларии во кои се наоѓале документи за јавни набавки за сервисирање на возила од големиот авто парк на полицијата и Министерството.

Извори на Телма потврдија дека се ангажирани повеќе истражни единици на МВР меѓу кои и внатрешна контрола и први со колегите од истрагата се соочиле началниците на одделот за возила, и претходниот и сегашниот.

Сомнежите се дека се вршени повеќе финансиски малверзации при тендерите за сервисирање, а претреси се вршат и во фирми и авто сервиси кои или работат на тековни поправки или претходно работеле на сервисирање, па дури има и претреси во фирми кои учествувале, а редовно губеле на тендери.

-По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата. До овој момент, извршени се претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, а по барање на јавниот обвинител, соопштија од обвинителството.

Од обвинителството не споделуваат други детали поради тековната истрага, а од МВР само потврдија дека станува збор за операција во која по наредба на обвинителството е ангажирана и полицијата.

Сервисирањето на возилата во МВР е огромна задача за која се трошат и многу пари. Последната јавна набавка лани во септември била склучена по цена од 650 илјади евра за период од 6 месеци.

Во 2023-тата пак бил склучен тригодишен договор со 40-тина авто сервиси, а бил во висина од фрапантни 230 милиони денари односно повеќе од 3,7 милиони евра.

Миомир Серафиновиќ