Со 71 глас „за“, Собранието денеска ја изгласа интрепелацијата на Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски.
Интерпелацијата му ја поднесе партијата „Левица“.
Обидот за негово разрешување почнa уште во февруари-март, кога на Коцевски му почнаа постапка за разрешување премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите сопартијци. Но, постапката се сопре, како што кажа тогаш Мицкоски, поради големата трагедија во Кочани во која на 18 март 2025 година загинаа 62 млади луѓе, помлади полнолетници и деца.











