Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата бара надзорна расправа, власта вели „прво да заврши истрагата“ – караница на комисијата за политички систем

/

пред 547 дена

Сподели преку :

Пратениците од ДУИ бурно реагираа, откако мнозинството во комисијата за политички систем не го усвои дневниот ред на седницата на која бараа да се одржи надзорна расправа за истрагата за кочанската трагедија. Ги обвинија своите колеги дека не сакаат да се дознае вистината и бараа морална одговорност од премиерот и министерот за внатрешни работи.

Иако самите рекоа дека нема да бараат расправа додека не заврши истрагата, пратениците од СДСМ денеска го поддржаа барањето на ДУИ и повторија дека се согласуваат да се расправа и за другите трагедии кои се случија во последните години, како Ласкарци, Беса транс и модуларната болница.

Мнозинството, пак, бара прво да заврши истрагата, а потоа да се разговара за сите случаи.

Од ДУИ најавија дека нема да останат на ова и нивни 15 пратеници во писмена форма ќе побараат од претседателот на Собранието да се одржи расправата.

Далибворка Демјанска Цветановска