Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Краткотраен притвор од 48 часа за 14 лица осомничени за страотната трагедијата во Кочани

/

пред 583 дена

Сподели преку :

Краткотраен притвор од 48 часа е одреден на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 лица. Дел од нив се гонат за тешки дела против општата сигурност, а се испитуваат и дејствија на примање поткуп, како и за незаконска набавка на пиротехнички средства. Осомничените се спроведени во притвор во затворот во Куманово и во Шуто Оризари.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера на прес-конференција информираше дека  за кривичното дело „тешки дела против општа сигурност“ казната затвор е најмалку три години , но може да се движи до 20 години.

Еден од осомничените Столе Боев, кој бил дел од обезбедување во дискотеката на кобната вечер пред да биде спроведен во притвор изјави дека ги спасил сите што можел и жали за тие што не успеал да ги спаси.

Насд 20 лица се осомничени во случајот. Дискотеката била регистрирана како објект за лесна индустрија, не угостителски објект, а немала ни лиценца за работа. Во дискотеката имало 500 лица, а карти биле продадени за 250. Пиротехнички средства поради кои изби пожарот ги донел бендот ДНК, а лицето задолжена за нивна употреба е меѓу жртвите. Нивната употреба не била пријавена во полиција, а концертот бил на диво без писмен договор меѓу организаторот и изведувачите. Прекршени биле повеќе стандарди за против пожарна заштита. Имало само два ПП апарати. Немало излезни врати за евакуација.

Maрија Митевска