Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ладнокрвен маскиран велосипедист е подметнувачот на пожарот во „Ванчо Михајлов“- тврди бугарската министерка според која пироманот се повредил од огнот

/

пред 1582 дена

Сподели преку :

Маскиран велосипедист го предизвика пожарот на влезот од клубот Ванчо Михајлов во Битола, вели   министерка за надворешни работи  на Бугарија Теодора Генчовска, која за бугарските медиуми тврди дека вчера при посетата на Културниот центар во Битола, ова го видела на  снимките од безбедносните камери, иако не прецизира од кои камери и кој и го овозможил тоа.

Истрагата за овој инцидент е во тек, а Генчовска верува дека македонските истражни органи ќе го пронајдат и казнат сторителот.

„На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади туба со запалива течност и мирно ја истура  пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи огнот  што пламна беше огромен, човекот  се исплаши. Се сомневам дека  има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска. Според мене овој акт е извршен ладнокрвно и смислено“ – изјави Теодра Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија за БГнес

Таа во Скопје има дводневни работни средби со македонскиот колега Бујар Османи, а вчера во Битола допатува веднаш откако слушна за инцидентот. Денеска и за бугарските медиуми, Генчовска повтори дека не верува оти настанот ќе ги влоши односите помеѓу двете земји.

„Во моментов нашите односи се нормално конструктивни, има нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно и потребни се многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство“ – изјави Генчовска.

Инцидентот што се случи во Битола, не влијаеше на динамиката и атмосферата во кои се одвивааа разговорите меѓу двете министерства за надворешни работи рече министерот Османи денеска и додаде дека  било какво решение мора да е прифатливо за двете страни.

„Мислам дека нашата страна успеа да ги образложи нашите аргументи, но внимателно ги слушнавме и нивните аргументи. Има добра основа во понатамошните разговори овие идеи да се обликуваат во конктретни решенија. Тоа што можам да кажам е дека двете страни се охрабрени да продолжат, но имаме уште работа, а времето е кратко. И времето, но и квалитетот на решението се важни, рече Османи.

Вчера на прашањето дали постои можност Бугарија да го крене  ветото за почеток на преговорите  на Македонија со ЕУ пред јунскиот самит, Генчовска рече дека тоа зависи од европските партнери и македонските власти. Во меѓувреме се интензивира дипломатскиот притисок кон Бугарија.

На 11 јуни во Скопје доаѓа    германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ден претходно  ќе учествува на Самитот за соработка во Југоисточна Европа во Солун. Германскиот канцелар истиот ден од Скопје заминува за Софија.

Емилија Мисирлиевски