Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лекарска комора ги очекува документите за вонреден стручен надзор за осум пациенти

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Имаме најава дека ќе бидат испратени документи за организирање вонреден стручен надзор за осум пациенти, потврди денеска претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева – Старделова, во изјава за медиумите.

– За да го направиме тоа, треба да ја свикаме комисијата за стручен надзор што ќе ги види документите и да процени согласно нашите правилници, кои тројца, минимум, доктори ќе ги повика за да го извршат надзорот. Тие треба да бидат од областа од која се прави надзорот. Согласно нашите правилници, мора да бидат исклучени доктори кои се вработени во институциите каде се врши вонредниот надзор, нагласи Гривчева – Старделова.

Таа подвлече дека Лекарската комора може да врши вонреден надзор во институции по барање на ДСЗИ, министер за здравство, судска наредба, членови на семејство или по барање на пациент.

Министерот за здравство Азир Алиу вчера кажа дека  се доставени осум случаи до Интерната комисија, формирана по информации за можни неправилности поврзани со дел кардиохируршки интервенции, а побаран бил и надзор од Лекарската комора.

Осум пријави за неоправдани операции на срце