Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малолетник во Скопје со нож му нанел десет убодни рани на својот татко

/

пред 411 дена

Сподели преку :

Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете поднесе  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца  во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Вршејќи семејно насилство во сопствениот дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје, малолетникот со умисла се обидел да го лиши од живот својот татко. Додека таткото бил во спалната соба, детето му пришло зад грб и со остар предмет му нанело 10 убодни рани.

Во близина била мајката, која успеала да го оттурне детето и веднаш да повика медицинска помош.

И по извршен оперативен зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, таткото е во животозагрозувачка состојба.

Со барањето за поведување подготвителна постапка во согласност со Законот за правда за децата, јавниот обвинител предложи на малолетникот да му биде определена и мерка притвор.