Сите теми кои СДСМ ги пласира во јавноста се лажни и претставуваат вистински дефокус од криминалот на поранешни функционери на таа партија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата побараа Венко Филипче јавно да ги покаже документите за т.н. „златна виза“ за Дубаи.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека со докторска или пратеничка плата не е можно да се обезбедат средства од најмалку 500.000 долари и бараат одговори за потеклото на имотот или инвестициите во Дубаи.











