Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети оценува дека државата е заглавена во внатрешни политички пресметки, додека изостануваат суштински политики и решенија за клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Тој смета дека власта создала наратив што ѝ обезбедува комотна политичка позиција, поради што нема доволен притисок за спроведување посериозни реформи.

„Тие направија еден наратив во јавноста кој ним им обезбедува комотна позиција. Затоа имаме ваква состојба – тие не мора да прават ништо. Ние како јавност очекуваме политика, а не отворање базени“, изјави Мехмети.

Според него, наместо да понудат практични и креативни решенија за проблемите во државата, носителите на власта постојано ја префрлаат одговорноста на други политички актери.

„Оние кои треба да донесуваат практични и креативни решенија за состојбата во која се наоѓа државата, наместо тоа бараат вина кај другите, а не кај себе. Практично сме сведени на вакви дневни настани“, рече Мехмети.

Тој додава дека актуелната политичка состојба дополнително е олеснета од слабоста на опозициските партии. Според него, ДУИ е во процес на внатрешни реформи, додека СДСМ сè уште се опоравува од политичките порази, што остава простор Владата да дејствува без посериозен политички притисок.

T.Д.