Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерко го стави бикинито на црна листа – шетање во костуми за капење ја нарушува позитивната слика на Струга, која ја води градоначалник непожелен за САД поради корупција

/

пред 1180 дена

Сподели преку :

Општина Струга на чие чело се уште е Рамис Мерко, кој е ставен на американската црна листа за корупција, злоупотреба на јавни фондови и влијание врз правосудството, реши да изработи знакови за забрана на носење на костими за капење и да ги постави на шеталиштето во овој туристички град.

-Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, стои на ФБ страницата на Општина Струга.

Од општината ги замолуваат „сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.“

Во ФБ постот не е објаснето на кој начин ќе се контролира почитувањето на забраната и дали е определена казна за вакво „голотија-бикини“ дело.

-Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, сметаат од општината.

Од општината досег не реагираа јавно за тоа што градоначалникот на Струга е ставен на црна листа на САД за корупција и други недела, утврдени од Стејт департментот. Нема ниту нивен коментар како децениското однесување и владеење на Мерко влијаело врз сликата на градот и дали градоначалникот кој е на црната листа придонел или ја ослабнал позитивната слика за Струга.

Општината сепак со својот ФБ пост покажува дека носење бикини и шорцеви е полошо отколку корупцијата на градоначалникот утврдена во Вашингтон.

Миомир Серафиновиќ