Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Граѓаните ќе бидат информирани за новите правила при патување во ЕУ

/

пред 408 дена

Сподели преку :

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, што според најавите стапуваат во сила од 12. следниот месец, за да нема застои на патните премини.

Директорот на Бирото за јавна безбедност  Александар Јанев денеска на новинарско прашање посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе пополнуваат онлајн апликации.

– Разговараме на дневна основа како сето тоа да биде олеснето и подостапно за нашите граѓани. Се согласувам, најголем проблем може да бидат патните премини кај нашите соседи кои се дел од Европската унија. Затоа, наша обврска е да ги информираме граѓаните комплетно, какви апликации треба да поднесат. Според сегашната регулатива, оваа апликација ќе биде онлајн, сето тоа ќе одзема време, ќе биде кратко, но ќе биде со важност од две години. Такви се првичните најави, но кога ќе ги добиеме официјалните  информации од ЕУ ќе бидат споделени со граѓаните. Таа регулатива е на ЕУ а ние сме должни да ја почитуваме.