Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема брзо решение за проблемот со загадената вода во Струмица- канистри и буриња за градинките и школите

/

пред 760 дена

Сподели преку :

Од утре градинките и училиштата во Струмица и селата кои се добиваат со вода од браната Турија ќе се снабдуваат со канистри и цистерни со питка вода за пиење, а на неколку пункта ќе има цистерни и за потребите на жителите на градот и населените места.

По денешниот состанок со комуналното претпријатие градоначалникот Костадинов рече дека проблемот е сложен и нема инстант решение. Тој смета дека филтер станицата која е стара педесет години е во добра состојба, но квалитетот на техничката вода е многу лош.

Од комуналното претпријатие велат дека се консултирале со најдобрите експерти од оваа област во државата, а особено со оние градови каде водоснабдувањето е на ист начин како и во Струмица, односно преку површински води.

Раководителот во јавното комунално претпријатие Стојан Ефтимов, вели дека во полавековното работење на филтер станицата за вода, вакви количини на манган во влезната вода не се забележани.

Ова е четврт ден во Струмица како водата не смее да се пие или со неа да се готви. Во моментов водоводната мрежа испорачува само техничка вода, а граѓаните сами се снаоѓаат за питка вода.

АХВ му наложи на струмичкото комунално претпријатие да обезбеди чиста вода за пиење за граѓаните за Струмица и блиските населени места сѐ дури не се надмине проблемот со квалитетот на водата од водоводот.

Во петокот ЈКП Комуналец соопшти дека анализите на Центарот за јавно здравје покажаа дека водата содржи недозволени количини манган и бактерии, поради што не е исправна за пиење. Со решение, водата од водоводната мрежа ја забрани за пиење и готвење и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Комуналното претпријатие информира дека причина за ваквата ситуација е неповолната хидролошка состојба. Водата содржела многу кал и не било возможно да се исфилтрира до ниво на консумација.

Сузана Мицева