Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независниот синдикат на полицијата почнува протести против нападите врз полицајците

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Независниот синдикат на полицијата започнува со серија протести поради нападите врз полициските службеници. Протестите ќе бидат организирани еднаш неделно во различни градови со цел иницирање промена на законот за полицијата и кривичниот законик. Од граѓанскиот независен синдикат на полицијата велат дека полициските службеници секојдневно се малтретирани и затоа е потребно да им се зголемат овластувањата, а казната за напад врз службено лице треба да се зголеми на минимум 5 години. Првиот протест започнува во сабота во 11 часот во Штип.