Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за лице кои го прегази поранешниот директор Јорго Ќука – возел 53 км/ч

/

пред 284 дена

Сподели преку :

Поднесено е обвинение за 37-годишно лице кое го усмрти поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука кој го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на почетокот на ноември минатата година во Скопје.

Според Обвинителството, обвинението е за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 3 ноември 2025 година, во попладневните часови, обвинетиот управувал патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, при што не се придржувал кон сообраќајните прописи, со што го загрозил јавниот сообраќај и директно го довел во опасност животот на луѓето.

Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на обележан пешачки премин, обвинетиот не ја намалил брзината на движење, управувајќи со 53 километри на час, што е над дозволената брзина во населено место. Поради тоа не успеал навремено да го запре возилото и со предниот дел удрил во велосипед кој се движел по пешачкиот премин.

Од силниот удар, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал на самото место. Од Основното јавно обвинителство Скопје посочуваат дека за ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку четири години, а настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот, со оглед на последиците – загуба на човечки живот.