Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителот кој ја затвори истрагата за ТОЕФЛ сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски е избран за виш јавен обвинител

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители едногласно го избра обвинителот Владимир Милошески за нов обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје. Милошевски кој досега беше во скопското обвинителство, пред два месеци го затвори случајот за бугарскиот ТОЕФЛ сертификат на Бојан Христовски, директор на АНБ.

Тогаш скопското обвинителство соопшти дека истрагата е прекината бидејќи нема докази за кривично дело, а наведе и дека важноста на ТОЕФЛ сертификатот на Христовски завршила седум месеци пред владата да го назначи за директор на Агенцијата за национална безбедност.

– По целосно спроведените проверки јавниот обвинител констатираше дека во наведениот случај пријавениот не направил лажна исправа со намера таквата исправа да ја употреби како вистинска. Согласно член 122 од Кривичниот законик, исправа е секој предмет што е подобен или одреден да служи како доказ на некој факт што има вредност во правните односи. Оттука, дури и да постои дилема за веродостојноста на документот за завршен курс за подготовка за испитот TOEFL издаден од Language School Julia CO.LTD, тој согласно обезбедената документација не предизвикал правна последица, ниту бил од какво било значење за правните односи и за именувањето за директор, бидејќи во досието е презентиран друг валиден документ за познавањето на странски јазик. Од тие причини во дејствијата на пријавениот не се содржани елементите на пријавените кривични дела, ја образложи ОЈО Скопје, одлуката на Милошески.

Милошески до 2017-та беше и обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но не беше реизбран. Лани Милошески беше назначен за раководител на новоформираното посебно одделение за сериозен и сложен криминал во рамки на скопското обвинителство.

Покрај истрагата за сертификатот на Христовски, Милошески ја водеше и истрагата за лиценцата на Беса транс, автобускиот превозник чиј автобус се запали во Бугарија и загинаа 46 патници. За овој случај, имаше и кривична пријава и првостепена пресуда.

Миомир Серафиновиќ