Израелската армија ги одведе новинарите на граничниот премин Керем Шалом за да покаже дека хуманитарна помош чека на палестинската страна за преземање.
Сепак, Обединетите нации тврдат дека доставата е блокирана, а хуманитарната ситуација во Газа – критична.
Државата Израел не го ограничува бројот на камиони со помош што доаѓаат во Појасот Газа. Главното прашање, или главниот проблем, е собирањето и дистрибуцијата. И ги охрабруваме нашите пријатели и колеги од меѓународната заедница да го преземат собирањето и дистрибуцијата на хуманитарната помош до луѓето од Газа, изјави Абдула Халаби, од Израелската воена администрација за Газа.
Државата Израел не го ограничува бројот на камиони со помош што доаѓаат во Појасот Газа. Главното прашање, или главниот проблем, е собирањето и дистрибуцијата. И ги охрабруваме нашите пријатели и колеги од меѓународната заедница да го преземат собирањето и дистрибуцијата на хуманитарната помош до луѓето од Газа.
Од Обединетите нации со спротивен став. Организацијата за координација на хуманитарни прашања обвинува за чести одбивања, долги чекања и недостиг од безбедни рути. Тие велат дека Израел често доделува рути што се небезбедни или непроодни за камиони, што доведува до губење на време и ресурси.
Ништо не сме виделе. Не сме виделе помош од копно, воздух или од кое било друго место. Еве нè, седиме покрај патот, не добиваме ништо и ништо не ни стигнува. Седиме во шатори како просјаци, чекајќи килограм брашно, а никој не ни го носи, изјави Марјам Јахја, раселена Палестинка од Рафах која живее во Заваида
Светската здравствена организација предупредува на алармантен раст на неухранетост и болести во Газа. Велат – голем дел од два милиони жители страдаат од глад, а ситуацијата се влошува секој ден. ОН апелираат Израел итно ги да отвори сите премини, да овозможи влез на гориво и клучна опрема и да гарантира безбедност на хуманитарниот персонал.
Додека помошта чека на границата, народот во Газа продолжува да гладува.
Александар Петрески











